fbpx

Буџетот за 2017 година донесен по еден час расправа и со само три дискусии

-

Со 72 гласа „за“ и со 37 гласа „против“, Собранието денеска го изгласа најбитниот финансиски документ за државата – Буџетот за 2017 година, кој тежи 3,35 милијарди евра, по околу еден час расправа и дискусија на само тројца пратеници.

По образложението на министерот за финансии, Кирил Миноски, дискутираа само пратениците Горан Сугарески од СДСМ, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и Орхан Ибрами од ДПА.

Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за буџетот, според кој, како што рече, е во прилог на македонската економија и е за поддршка на странските и на домашните компании. Го истакна предвиденото зголемување на средствата за плати, пензии и за социјални трансфери и повика овој значаен документ за државата да се донесе со консензус.

Орхан Ибраими од ДПА изјави дека и овој буџет не се разликува од претходните осум и е на штета на Албанците, бидејќи постојат региони во Македонија каде што нема водовод и канализација, нема уредена патна инфраструктура, градинки, соодветни училишта.

Исто така, тој истакна дека во регионите каде што живеат мнозинство Албанци нема слободни економски зони, а во постојните нема вработено ниту еден Албанец.

Тој истакна дека како резултат на погрешните економски политики, од 2002 година досега се иселиле 300.000 Албанци.

Според пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, предлог-буџетот за 2017 година е една голема лага и на владејачката партија ѝ служи за да ги купи изборите, па затоа опозицијата нема да гласа ваков буџет.

Министерот за финансии Кирил Миноски во образложението пред пратениците истакна дека со предлог-буџетот за 2017 година, се проектира умерено забрзан економски пораст од 3,4 проценти.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да биде 3 проценти од домашниот бруто-производ, односно 18,6 милијарди денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...