fbpx

Брок: Проширувањето на ЕУ не смее да запре

-

Денеска во Европскиот парламент во Брисел се одржа дебата на Комитетот за надворешни работи за извештаите за напредок за земјите од Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи од регионот, вклучувајќи го и шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Претседателот на комитетот за надворешни работи на ЕП, Елмар Брок, истакна дека фактот што Европската комисија најави дека нема да има проширување во наредните пет години е „техничко прашање“ бидејќи самите преговори бараат време, но додаде дека за ЕП „проширувањето не смее да запре туку мора да се забрза“.

Македонскиот министер Попоски се согласи со Брок дека проширувањето треба да се забрза иако тоа „не е популарна работа овие денови“. Тој изрази надеж дека Европскиот парламент ќе ја стави Македонија на дневен ред и „ќе го врати кредибилитетот на процесот“ и покрај тоа што ЕП нема моќ да ја смени одлуката на Европскиот совет, кој не дозволува отворање преговори со Македонија. За Попоски, Грција е единствениот виновник за оваа состојба.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...