!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Бројот на загинатите во Мексико се зголеми на 90 лица


       
Мексико Сити, 11 септември, 2017 - 10:38 (META) 

Повеќе од 90 лица загинаа во силниот земјотрес што во петокот го погоди југот на Мексико, соопштија утринава властите.

„Бројот на загинатите е повеќе од 90 лица, од кои 71 се од државата Оахака, 15 во државата Чијапас и четири во државата Табаско“, стои во соопштението на мексиканската цивилна заштита.

Епицентарот на земјотресот, со магнитуда од 8,2 степени Рихтеровата скала бил во близина на границата на Мексико и на Гватемала, на длабочина од 35 километри. Поради земјотресот, чиј епицентар бил во Пацификот, беше прогласена и тревога за цунами, но таа подоцна беше укината.

Ова е насилен земјотрес во последните 100 години во Мексико, а се почувствувал и во главниот град, каде жителите излегле на улица од страв од уривање на зградите.