Бројот на жртвите во стампедото за време на чествувањето на Курбан-бајрам во близина на Мека достигна 717 лица, а 805 се повредени, соопштија саудиските власти.
Околу 4.000 членови на спасувачките екипи и 220 возила на брзата помош се испратени на местото на несреќата.
Трагедијата се случи на првиот ден од Курбан-бајрам, на ридот Мина во близина на Мека.
https://www.youtube.com/watch?t=2&v=2zpXElFJGT0