This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Nov 25 9:11:58 2017 / +0000 GMT

Бројот на загинати во земјотресот во Иран се искачи на 440




Десетици илјади Иранци кои мора да живеат во шатори или на отворено по катастрофалниот земјотрес во неделата, очајнички молат за помош. Земјотресот се случи блиску границата со Ирак, а засега бројката на загинати изнесува 440, а околу 7.000 лица се повредени.

Иако иранската влада прави напори да достави помош во најтешко погодената провинција Керманшах, тоа не е доволно, оти изминатата ноќ беше втората едноподруго со температури под нулата.

- Живееме во шатор и нема доволно храна и вода. Студи, децата плачат. Се залепуваат за родителите за да се стоплат - вели 42-годишниот Али Гулани од селото Каср е Ширин.

Околу 200 последователни земјотреси го погодија регионот откако во неделата вечерта се случи потресот од 7,3 степени по Рихтеровата скала.
Post date: 2017-11-14 13:09:57
Post date GMT: 2017-11-14 12:09:57
Post modified date: 2017-11-14 13:09:57
Post modified date GMT: 2017-11-14 12:09:57
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com