!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Бројот на загинати во пожарот во лондонската висококатница достигна 79 лица


       
Лондон, 19 јуни, 2017 - 13:15 (META) 

Бројот на загинати или исчезнати лица во пожарот во висококатницата во Лондон достигна 79 лица, соопшти денеска британската полиција, јавуваат агенциите. Според претходно објавените податоци, бројот на настрадани или исчезнати по пожарот изнесуваше 58 лица.

Официјални претставници на британските власти навеле дека зградата Гренфел, која има 24 ката, сè уште се пребарува, а во тек е и истрагата што треба да утврди дали случајот со пожарот има елементи на кривично дело.

Едно од прашањата на кое одговор бараат жителите на зградата и соседите е како пожарот толку бргу ја зафатил целата зграда и заробил толку многу луѓе внатре.

Британските медиуми пренесоа дека за време на реновирањето на зградата во неа биле вградени евтини материјали, кои се помалку отпорни на оган.