fbpx

Бројот на туристите до јули, зголемен за 7,9 проценти во однос на истиот период лани

-

Бројот на туристите во јули 2015 година изнесувал 119.742, а бројот на ноќевањата 520.283, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 11,7 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8,6 проценти.

Бројот на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7,5 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 16,1 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7,7 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11,2 проценти.

Во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7,9 проценти и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,7 отсто, а кај странските има зголемување за 12,6 проценти.

Во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,8 проценти и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,1 отсто, а кај странските има зголемување за 8 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...