Во првите осум месеци годинава бројот на туристите е зголемен за 15,8 отсто во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските за 22,7 проценти.
Бројот на туристите во август изнесува 188.758 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 20,4 проценти, а бројот на ноќевањата изнесува 766.844 и е зголемен за 10,4 проценти.
Во истиот период, бројот на домашните туристи е зголемен за 3,4 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 46,5 проценти.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август во однос на истиот месец лани е зголемен за 1,6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41,9 отсто.