Бројот на туристи во периодот јануари – јули 2017 година е зголемен за 14,2 проценти во однос на истиот период од претходната година, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 8,3 проценти, а кај странските има зголемување за 17,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските има зголемување за 17,6 проценти.
Бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153.435 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 18,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.