fbpx

Бројот на осигурителни полиси зголемен за 21 процент во однос на лани

-

Осигурителниот пазар во Македонија успешно ќе ја заврши годината, со зголемување на премијата на животно и на неживотно осигурување.

Премијата за животно осигурување за оваа година изнесува 11,2 милиони евра и е за 21 процент повисока од 2014 година, кога изнесувала 9,2 милиони евра.

Кај неживотното осигурување има зголемување кај земјоделското, за 62 проценти.

– И покрај субвенциите за секоја полиса, сепак бројот на осигурани земјоделци е мал –изјави потпретседателката на Здружението на осигурување при Стопанската комора, Весна Ѓорчева.

Во делот на неживотно осигурување, доминира задолжителното од автомобилска одговорност.

– Граѓаните и компаниите најмногу се осигуруваат заради законската обврска, а не доброволно. Осигурувањето на домаќинствата учествува со мал процент во структурата на склучени полиси. Бројот на полисите за осигурување на станбени единици е само 7 проценти во структурата на полисите од неживотно осигурување и има голем потенцијал за пораст – додаде Ѓорчева.

За следната година компаниите ќе работат на развој на доброволното здравствено осигурување. Се очекува да се понудат атрактивни продукти по прифатливи цени. Не се очекува поголемо намалување на цените бидејќи со зголемување на конкуренцијата изминатите години, се намали и цената на осигурителните полиси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...