fbpx

Меј: Договорот и ги отвора вратите на Македонија за НАТО и ЕУ

-

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, со писмо до македонскиот премиер Зоран Заев честитала за постигнувањето договор со Грција, како и за ратификацијата на договорот во Собранието, соопштија од Владата.

„Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе енормни придобивки за двете држави, како и за поширокиот регион“, стои во писмото од премиерката Тереза Меј.

Таа, во своето писмо додава и дека конечно после 25 годишниот спор, желбите на огромно мнозинство граѓани, кои сакаат да ја видат својата земја како членка на НАТО и ЕУ, ќе ги отвори вратите за овие аспирации.

Таа ветила поддршка од Обединетото Кралство за Македонија за зачленувањето во НАТО.

Заблагодарувајќи се за гостопримството за време на нејзината посета во Скопје, премиерката на Велика Британија во писмото вели оти се радост ја очекува претстојната средба со премиерот Заев и со останатите премиери од регионот, на Самитот за Западен Балкан, кој ќе се одржи следниот месец во Лондон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...