fbpx

Британската „Ендава“ почна со работа, најави 400 нови вработувања

-

Најмалку 400 нови вработувања во следните четири години најави британската ИКТ-компанија „Ендава“, која денеска отвори нови канцеларии во Скопје, со што и официјално почна со работа.

Како што рече извршниот директор, Џон Котерел, тимот во Скопје засега брои 36 членови, но во следните 12 месеци ќе достигне 100 лица.

– Брзиот економски пораст, уште поинтензивниот развој на информатичкиот сектор и високообразовниот кадар, беа клучните причини поради кои го одбравме Скопје меѓу 40 други градови. Нашата цел е да ги привлечеме најдобрите од оваа област, тие во нас да препознаат место каде ќе ја изградат својата кариера – истакна Котерел.

Изразувајќи задоволство што уште еден странски инвеститор почнува со работа во Македонија, премиерот Никола Груевски нагласи дека ваквите настани се нов импулс за владините тимови во постојаните промоции на поволните деловни можности на земјата.

– Македонија е позната како еден од најбрзорастечките пазари во ИКТ-секторот во овој дел од Европа. Таквиот тренд се должи на нашите политики и мерки за развој во изминатите години, поттикнувањето на младите да се образуваат во делот на информатичките науки, отворањето нови факултети… Ваквите услови, но и добрата бизнис-клима што ги нуди Македонија, се основните причини поради кои светски познатата фирма „Ендава“ реши да го прошири своето производство токму тука – истакна премиерот Груевски.

Според него, користењето врвна технологија и софтвер на „Ендава“ кај голем број моќни мултинационални компании во секторите банкарство, осигурување, малопродажба, телекомуникации, медиуми, издаваштво, ќе значи дополнително подобрување на имиџот на Македонија.

– Ознаката „Made in Macedonia“ во придружба на веќе етаблирана и препознатлива марка како што е „Ендава“, ќе ни донесе уште поголема препознатливост како земја со големи можности за инвестирање и за развој на индустриите од високата технологија – подвлече премиерот Груевски.

Министерот Висар Фида напомена дека „Ендава“, една од поголемите светски ИКТ-компании со седиште во Лондон, пред една година реши да инвестира во Македонија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...