fbpx

Британија ги укинува истрагите за кршење на човековите права во Ирак

-

Британската влада донела одлука да го укине државниот орган задолжен за истраги во врска со обвинувањата против британски војници за кршење на човековите права во Ирак, соопшти минитерството за одбрана на Обединетото кралство.

Државниот орган (ИХАТ), кој беше основан во 2010 година од поранешната лабуристичка влада, во моментов истражува 675 предмети, меѓу кои има и обвинувања за убиства. Само 20 предмети ќе бидат префрлени во полицијата на британската морнарица.

„Тоа ќе биде олесување за нашите војници кои предолго се товареа со обвинувањата“, изјавил британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон.

Организацијата Амнести интернешенл веднаш ја искритикува одлуката и оцени дека насилствата сторени во Ирак не треба да бидат ставени под тепих. Организацијата ја критикува и одлуката за префрлање на 20 предмети во британската морнарица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...