fbpx

Британија ги повлекла своите шпиони поради документите на Сноуден

-

Британското разузнавање ги повлекло своите агенти бидејќи Русија и Кина ги имаат тајните информации што откриваат како тие оперираат, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации добиени од висок владин извор.

Според весникот „Сандеј тајмс“, Москва и Пекинг успеале да ги дешифрираат документите што ги украде поранешниот агент на Националната безбедносна агенција на САД (НСА), „шепкачот“ Едвард Сноуден.

Владиниот извор за „Би-Би-Си“ рекол дека овие земји ги „имаат информациите“, поради што британските агенти морале да бидат повлечени, но дека засега немаат информации дека некој до нив настрадал по откривањето на информациите.

Поранешниот агент на НСА, Едвард Сноуден, кој сега живее во Русија, ги напушти САД во 2013 година, изнесувајќи детали во медумите за обемното следење на комуникациите од американските тајни служби.

Повикувајќи се на информациите на Сноуден, угледниот британски весник „Гардијан“, во јуни 2013 година објави дека НСА ги следела телефонските комуникации на 10 милиони Американци.

Се верува дека Сноуден успеал да собере 1,7 милиони тајни документи пред да ги напушти САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...