fbpx

Британија до крајот на 2017 година ќе се изјасни за членството во ЕУ

-

Велика Британија ќе одржи референдум за членството во ЕУ до крајот на 2017 година, изјави денеска кралицата Елизабета Втора, изнесувајќи го законодавниот план на новоизбраната влада во парламентот.

– Ќе биде донесен закон кој би обезбедил референдум за членството во Европската унија пред крајот на 2017 година. Мојата влада ќе преговара за односот на Обединетото Кралство со Европската унија и ќе бара реформи во ЕУ за доброто на сите земји-членки– рече британската кралица во својот традиционален говор на почетокот на работата на парламентот.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, чија Конзервативна партија победи на изборите во мај, планира до крајот на 2017 година да распише референдум за членството во ЕУ, а дотогаш да ја преиспита улогата на неговата земја во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...