fbpx

Британија денеска добива нова премиерка

-

Велика Британија денеска добива нова премиерка, Тереза Меј, која ќе го наследи Дејвид Камерон, кој, пак, најави оставка откако на референдумот на 23 јуни Британците се изјаснија за излез од Европската Унија.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека очекува што побрзо излегување на Британија од Унијата и активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, откако Меј ќе ја преземе функцијата.

– Референдумот го спроведоа Британците, а не ние, затоа не гледам зошто би требало да имаме план – рече Меркел.

Британските медиуми наведуваат дека Меј е „единствената личност способна да ги обедини спротивставените табори во Конзервативната партија“, а таа сама се пофали дека е единствената личност која е способна за огромните задачи со кои ќе се носи идниот британски премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...