fbpx

Брисел: Вонредната состојба и понатаму на сила

-

Во Брисел втор ден по ред на сила се највисоките мерки за безбедност воведени по минатонеделните терористички напади во Париз. Улиците на белгиската престолнина се претежно празни, а полициската потрага по осомничениот напаѓач од Париз, Салах Абдеслам, продолжува.

Белгискиот национален кризен центар вчера ги зголеми мерките за безбедност на поширокото подрачје на Брисел на четврто ниво, што означува „сериозна и непосредна опасност“ од терористички напади.

Подземната железница не работи, а претставниците препорачале откажување на сите спортски натпревари и активности на јавни места, како и затворање на трговските центри.

Белгиските претставници наведуваат дека мерките се препорачуваат затоа што нормалното одвивање на активностите во градот ќе бараат и засилено обезбедување.

Денеска попладне треба да се одржи состанок на белгискиот Регионален совет за безбедност, на кој ќе биде разговара за новите мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...