!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Брисел: Владата да ги разгледа препораките на Венецијанската комисија за законот за јазиците


       
Брисел, 14 септември, 2017 - 16:57 (META) 

Европската Унија е информирана дека Владата го усвои предлог-законот за употреба на јазиците и дека планира да го достави до Собранието, изјави за „Мета“ Маја Коцојанчич, портпаролка на Европската Унија.

Коцијанчич, сепак, не одговори како Брисел го коментира ставањето европско знаменце, односно означувањето на законот како дел од европската легислатива.

На прашање дали Европската Унија инсистира да се усвои и да се имплементира ваквиот закон, Коцијанчич вели дека законското решение треба да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

– Го поздравуваме фактот што Владата во својот план „3-6-9“се обврза да се консултира со Венецијанската комисија за нацрт-законот и очекуваме дека ќе се разгледаат препораките на таа комисија – вели Коцијанчич.