fbpx

Брисел побара целосна и навремена примена на договореното на 15 јули

-

Потребна е целосна  и навремена примена на Договорот од Пржино, порачаа вечерва од Брисел еврокомесарот Јоханес Хан и словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој претседаваше со Советот за стабилизација и асоцијација.

Лајчак рече дека македонските претставници – министерот Никола Попоски и министерот за евроинтеграција Фатмир Бесими – ветиле дека европската порака во Скопје и во Владата е разбрана.

– Важно е што во последен момент земјата ја задржа европската врата отворена – рече Хан на прес-конференцијата.

Тој изрази надеж дека оваа година нема да има одмор за македонските институции, кои треба бргу да ја завршат подготовката за реализација на Договорот од Пржино.

– Сега нема време за губење и нема одмор, барем не за институциите. Се разбира, секој има право на одмор, но нема одмор за институциите за да се подготви примената на договореното. На 15 септември треба да има специјален обвинител како што фиксиравме – рече Хан и додаде дека има работа за да се почитуваат сите договорени рокови од договорот и за да се подготват изборите на 24 април 2016 година.

Според Хан, Европската комисија сака да помогне, но тој подвлече дека одговорноста за примената се наоѓа кај Владата и кај политичките партии.

Тој очекува дека ќе се спроведат препораките од извештајот на Прибе и сето тоа ќе се разгледува на 18 септември во Скопје, во текот на високиот политички дијалог помеѓу Комисијата и Македонија.

Хан истакна дека Комисијата, која го олесни договорот, не може да ја олеснува и целата негова примена.

– Не беше сè договорено на 2 јуни, но се надевам дека партиите ќе можат да се договорат. Го олеснивме договорот, но нема сè да олеснуваме – рече Хан.

Според Лајчак, ЕУ би сакала да ја види земјата во процесот на преговори за членство, но дека тоа ќе зависи од Македонија. Тој испрати охрабрување до Македонија и до Грција за да најдат решение за спорот за името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...