fbpx

Брисел не коментира дали размислува за контрамерки поради опструкциите на СЈО

-

Европската комисија денеска повтори дека Специјалното јавно обвинителство е клучен дел од Договорот од Пржино, потпишан од сите лидери на главните политички партии.

Сепак, од Брисел засега не сакаат да коментираат дали ќе преземат поостри мерки или санкции поради блокадата на работата на СЈО ниту, пак, како сето тоа ќе се одрази на извештајот за напредокот на Македонија.

– Европската комисија останува на истиот став од минатата недела – изјавија за „Мета“ од Комисијата.

Брисел минатата недела потсети дека политичките лидери повеќепати се обврзале да ја поддржат и да ја потпомогнат работата на СЈО, без да вршат опструкции.

„ЕУ силно го охрабрува сите институции во земјата да се однесуваат во согласност со овие јасни обврски и целосно да ја почитуваат правната позиција на СЈО. ЕУ ја истакнува важноста на правната и на политичката отеченост за прислушувањето и за содржината што произлегува од него. Решавањето на овие сериозни проблеми што произлегуваат од снимките се клучни за враќањето на земјата на евроатлантскиот пат и за враќањето на довербата кај граѓаните“, соопштија од Брисел.

Претходно, дипломати од Брисел соопштија дека Македонија и годинава ќе добие условена препорака за доделување датум за почеток на преговори и оти во извештајот ќе биде употребен поблаг речник за да не се сфати дека ЕУ сака да влијае врз резултатите од изборите. Сепак, во извештајот ќе бидат нотирани забелешките за спроведувањето на итните реформски приоритети, владеењето на правото, како и работата на СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...