fbpx

Брисел не ја коментира посетата на Курц и стои на ставот да се одвои партијата од државата

-

Европската комисија денеска не сакаше да ги коментира учеството на австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и неговата државничка средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

На прашање од „Мета“, како ја коментираат ваквата посета на висок претставник на земја-членка на ЕУ, од Брисел велат дека стојат зад изјавата која на 18 ноември ја даде евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија за претстојните избори.

Евроамбасадорот и европските дипломати тогаш во пишаната изјава истакнаа дека претстојните избори се шанса за земјата за еден нов почеток и за единство за стратешките цели и за враќање кон евроатлантскиот пат. Тие ги повикаа политичките лидери, партиите и учесниците во изборите да ја реафирмираат и да ја демонстрираат својата посветеност кон демократските вредности, владеењето на правото, да спроведат кампања без заплашувања и насилство, кои нема да поттикнат меѓуетнички тензии и апелираа да се одвои партијата од државата.

„Сакаме да потсетиме на важноста од јасното одвојување на државата од партиските активности, пред, за време и по изборите. Ги повикуваме медиумите да им овозможат на граѓаните разновидни и објективни информации. Апелираме до сите државни институции да ја поддржат работата на Државната изборна комисија“, стои во изјавата.

Од Брисел, за посетата на Курц и за неговата улога упатуваат на австриското министерство за надворешни работи.

Шефот на австриската дипломатија денеска по средбата со Попоски, рече дека на вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ присуствувал како член на Европската народна партија и тука нема ништо спорно.

– Овде сум како австриски министер за надворешни работи. Вчера бев на настан на партијата, присутен како претставник на Народната партија на Австрија. За мене не е невообичаено да се посетуваат настани на сестрински политички партии. Во мојот говор не им посочив на луѓето за кого да гласаат. Ги повикав да излезат на избори, а одлуката треба тие да ја донесат – рече Курц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...