fbpx

Брисел не ја коментира „платформата на Груевски“: Не сме ја виделе и не шпекулираме

-

Европската комисија не сака да ги коментира барањата што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до еврокомесрот за проширување и за добрососедска политика, Јоханс Хан, за време на неговата утрешна посета.

– Нема да шпекулираме или да коментираме партиски програми. Очекуваме наскоро да се формира нова влада, посветена на имплементирање на заостанатите реформи. Ќе продолжиме да инсистираме на имплементирање на сите делови од Договорот од Пржино. Тоа е клучно за да се врати земјата на патот кон ЕУ, нешто што нејзните граѓани го сакаат и го заслужуваат – велат за „Мета“ извори во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ во петокот соопшти дека ќе побараат од Хан јавно да ја осуди тиранската платформа, ЕУ да се придржува до принципите што ги воспостави претходниот еврокомесар Оли Рен, односно победникот од македонскиот политички блок да коалицира со победникот од албанскиот блок, и да се одблокираат евроинтегративните процеси.

Во Брисел не сакаат да ја коментираат ниту изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека партијата подготвува политички документ – „платформа за зачувување на Македонија“.

– Не сме ја виделе и не сакаме да шпекулираме – велат претставници на ЕУ за „Мета“.

Груевски вчера во интервју за „Канал 5“ рече дека очекува следените денови политичкиот документ да биде финализиран и да им биде понуден на сите поголеми политички партии како решение за излез од политичката криза.

– Ние подготвуваме документ за зачувување на Македонија, тоа е политички документ кој ќе понуди начин за излегување од кризата. Преку негово прифаќање ќе се излезе од кризата, но нема да се наруши унитарноста на државата. Овој документ во текот на следната недела ќе биде понуден на сите политички партии и очекуваме од нив да го прифатат како излез од политичката криза – изјави Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...