fbpx

Брисел не ја коментира платформата на албанските партии

-

Европската комисија засега не ја коментира содржината на заедничката платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците.

На новинарско прашање како ја коментираат платформата, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека Брисел внимателно го следи развојот на настаните во земјата.

– Тоа што во моментов можам да го кажам е дека одблизу ја следиме ситуацијата и, како што и претходно рековме, очекуваме брзо формирање на влада во рамки на уставните рокови, односно нова стабилна влада. Но, мора да видиме и итно спроведување на реформи кои ќе се однесуваат на владеењето на правото, како и спроведување на реформските приоритети и продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата во нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е сè што можам да кажам во моментов – истакна Коцијанчич на денешната прес-конференција во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...