fbpx

Бремените жени бесплатно ќе добиваат фолна киселина и јод

-

Секоја бремена жена во периодот од утврдување на бременоста до завршување на 13. гестациска недела ќе добива бесплатни таблети фолна киселна и јод. Овој проект ќе почне од првата половина на март, а финасиите ќе ги обезбедува Министерството за здравство.

Како што истакна министерот за здравство, Никола Тодоров, Министерството одвоило 12 милиони денари од сопствени средства во рамки на превентивните програми со кои ќе се обезбедат потребните таблети за околу 23.000 бремени жени годишно. Со средства од програма на Министерството, секој здравствен дом ќе треба да спроведе постапка за набавка на таблети фолна киселина и јод.

Тој истакна дека врз основа на електронската мајчина книшка, патронажната служба во секој здравствен дом ќе има податоци за секоја бремена жена, ќе спроведува патронажни посети на бремените жени и при овие посети ќе им ги додели таблетите со фолна киселина и со јод. Воедно, патронажната служба ќе им дава совети на бремените жени за здрава бременост, здрава исхрана и за здрави животни навики, односно ќе им подели и брошури „Здрава бременост“, кои се прилог на мајчината книшка.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...