fbpx

„Брексит“ влезе во речникот „Оксфорд“

-

Зборот „брексит“ е еден од 1.500 нови термини што неделава ќе бидат додадени во англискиот речник „Оксфорд“, соопшти денеска издавачката компанија „Оксфорд јуниверсити прес“.

„Брексит“ е дефиниран како „(предложено) повлекување на Обединетото Кралство од Европската Унија и политичкиот процес поврзан со тоа“.

„Понекогаш се користи посебно во врска со референдумот одржан во Обединетото Кралство на 23 јуни 2016 година, на кој повеќето гласачи биле за повлекување од ЕУ“, е дел од дефиницијата за „брексит“.

Уредничката на речникот „Оксфорд“, Фиона Макферсон, изјави дека „брексит“ е еден од термините што најбргу го минал патот од настанување до дефиниција и било многу невообичаено некој збор така брзо да влезе во употреба.
– Од нов збор пред неколку години, се најде на насловните страници на весниците на странски јазик, што покажува дека сега тоа е светски збор – рече Макферсон.

Речникот доби уште еден сличен поим – „грексит“, кој го дефинира хипотетичкото излегување на Грција од еврозоната.
Меѓу другите нови зборови во речникот „Оксфорд“ се „јутубер“, чест корисник на веб-страницата за споделување видеоснимки „Јутјуб“, особено некој кој произведува и се појавува на снимките на веб-страницата, „глам-ма“ со значење „гламурозна баба“ и „бама“ што означува лице од селското подрачје од југот на САД.

Англискиот речник „Оксфорд“ содржи значења на повеќе од 829.000 зборови, нивен изговор и историја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...