fbpx

„Брдмен“ и „Гранд хотел Будимпешта“ со најмногу номинации за „Оскар“

-

„Американски снајперист“, „Момчештво“, „Брдмен“, „Гранд хотел Будимпешта“, „Игра на имитирање“, „Теоријата за сè“, „Удар со камшик“ и „Селма“ се номинациите за најдобар филм за 87. издание на церемонијата за доделување на наградите „Оскар“.

„Брдмен“ и „Гранд хотел Будимпешта“ имаат најмногу, по девет номинации, а по нив следува „Игра на имитирање“ со осум номинации.

За најдобар режисир номинирани се Алехандро Гонзалес за „Брдмен“, Ричард Линклетер за „Момчештво“, Мортен Тилдум за „Игра на имитирање“, Вес Андерсон за „Гранд хотел Будимпешта“ и Бенет Милер за „Фокскечер“.

Во категоријата најдобра актерка, номинирани се Мерион Котиар за „Два дена, една ноќ“, Фелисити Џонс за „Теоријата за сè“, Џулијан Мур за „Сè уште Алис“, Риси Витерспун за „Дива“ и Розамунд Пајк за „Исчезната“.

За најдобар актер номинирани се Стив Карел за „Фокскечер“, Бредли Купер за „Американски снајперист“, Бенедикт Камбербач за „Игра на имитација“, Мајкл Китон за „Брдмен“ и Еди Редмејн за „Теоријата за сè“.

Сите номинации може да ги погледнете тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...