fbpx

„Брдмен“ ги освои главните награди „Оскар“

-

„Брдмен“ ги понесе четирите најголеми награди на годинешните награди „Оскар“. Филмот, во кој главната улога ја толкува Мајкл Китон, ги победи „Американски снајперист“, „Момчештво“, „Гранд хотел Будимпешта“, „Игра на имитација“, „Селма“, „Теорија за сè“ и „Whiplash“ во категоријата најдобар филм, додека Алехандро Гонзалез Ињариту беше прогласен за најдобар режисер.

– Можеби следната година Академијата ќе воведе некој закон за имиграција. Двајца Мексиканци едно по друго, тоа е, веројатно, малку сомнително – рече Ињариту, алудирајќи на Алфонсо Куарон, кој минатата година ја понесе наградата за филмот „Гравитација“.

Филмот победи и во категориите оригинално сценарио и најдобра кинематографија, освојувајќи ист број нагрди како и „Гранд хотел Будимпешта“.

Комедијата на Вес Андерсон, во која играат Ралф Фајнс и Тони Револори, ги доби признанијата за дизајн на костуми, шминка и фризура, музика и за продукција.

Еди Редмејн освои уште една награда за најдобар актер за портретирањето на Стивен Хокинс во „Теорија за сè“, која ја посвети на борбата против амиотрофична латерална склероза (АЛС), додека Џулијан Мур за својата изведба на лице со Алцхајмерова болест во „Сè уште Алис“ ја освои втората награда „Оскар“ за најдобра актерка.

„Whiplash“ ги освои наградите за најдобра монтажа, звук и за најдобра споредна машка улога за Ј.К. Симонс.

Патриција Аркет му помогна на „Момчештво“ да ја освои наградата за најдобра споредна женска улога. Филмовите „Игра на имитација“ „Екипа за 6“, „Ида“, „Граѓанин Четири“, „Жешка линија за кризи: Ветеран прес 1“, „Селма“, „Американски снајперист“, „Интерстелар“, „Гозба“ и „Телефонски повик“ освоија по една награда Оскар“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...