fbpx

Божиновски во затворот штрајкува со глад, ЗНМ и ЕФН бараат итно ослободување

-

Притворениот новинар Зоран Божиновски на 14 септември почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес, информираше денеска претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.

Тој рече дека иако затворската управа го знаела тоа, информацијата не ја споделиле ниту со неговиот адвокат, ниту со Народниот правобранител.

– Ја повикуваме судијката Сандра Крстиќ веднаш да го укине притворот на колегата Божиновски, а во спротивно неа ќе ја сметаме за одговорна за евентуалните последици што ќе се предизвикаат по здравјето и животот на колегата. Исто така, го повикуваме Народниот правобранител да го посети Божиновски во затвор и навремено да ги предупреди институциите за последиците, ако не постапуваат соодветно на ситуацијата – изјави Селмани.

Тој додаде дека нема сомнеж дека процесот со Божиновски е политички процес на власта за да замолчи еден новинар.

Поддршка за ослободување на Божиновски даде и Рикардо Гутиерес, генерален секретар на Европската федерација на новинари (ЕФН). Тој рече дека го поддржува ЗНМ во барањето Божиновски веднаш да биде ослободен.

– Иако побаравме од Кривичниот суд дозвола да го посетиме Божиновски, одговор не добивме. Овој случај го пријавивме и во платформата за новинари на Советот на Европа. Досега од Македонија на оваа платформа имаме пријавено случаи за осум новинари врз кои било извршувано заплашување или биле уапсени, што е двојно повеќе од Албанија за која имаме пријавено само четири случаи. Македонија на 13 март 2016 година ја потпиша декларацијата за заштита на новинарите и затоа ја прашуваме македонската влада што направила за подобрување на состојбата со новинарите во земјата – изјави Гутиерес.

Селмани не исклучи ниту една можност што им стои на располагање во намерата за ослободување на Божиновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...