fbpx

Божиновска: Укинувањето на титулата национален уметник е понижувачко

-

Укинувањето на Законот за национален уметник на Република Македонија претставува врв на понижувањето на сопствените културни дострели од страна на СДС, министерот Алаѓозовски и на Зоран Заев, изјави денеска на прес-конференција Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со овој предлог-закон, Зоран Заев, Алаѓозовски и СДС брутално го погазија домашното културно творештво и ги потценија достигнувања на најголемите репрезенти на македонската култура во изминативе години. Титулата национален уметник e највисокото признание од областа на културата во Република Македонија и во никој случај не треба да се гледа како на давање одредени привилегии на уметниците, туку, напротив, какo признавање за нивните врвни достигнувања по кои светот нè препозна. Оваа титула не беше воведена со привремен карактер туку, напротив, имаше цел досегашните достигнувања на културните дејци, нивните идни достигнувања, како и достигнувањата на нашите идни генерации дејци да бидат вреднувани од страна на Република Македонија – вели Божиновска.

Според неа, одлуката за укинувањето на титулата национален уметник е навредлива и понижувачка и таа прави огромна штета на државата затоа што, како што рече, преставува удар врз македонскиот идентитет, култура и удар врз темелните вредности на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...