fbpx

Бошњаковски: Владата очекува да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

-

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција поврзана со одлуките од синоќешната 93. владина седница ги повтори очекувањата на Владата за постигнување двотретинско мнозинство за уставните измени, за што денеска, собраниската Комисија за уставни прашања, треба да ја отпочне расправата по предлогот за потребата од уставни измени поднесен од Владата.

Тој најави дека воведно обраќање на Комисијата ќе има премиерот Зоран Заев.

– Сметаме дека оваа историска одлука пред која се наоѓаат пратениците во македонскиот Парламент е од суштинско значење за остварување на стратешките цели на Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Сметаме и очекуваме дека мнозинството пратеници во Парламентот ќе ја послушаат волјата на мнозинството граѓани кои на 30 септември гласаа „за“ овие заложби – рече Бошњаковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...