fbpx

Бошњаковски: Новиот закон не е рестриктивен кон медиумите, во тек е јавна дебата

-

Предложениот текст за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не содржи рестриктивни одредби во однос на уредувачката политика или начинот на известување на медиумите, стои во одговорот на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на прашањето на „Мета“ како ја коментира изјавата на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, дека „Владата сака да ја игра улогата на главен и одговорен уредник на медиумите“.

Селмани на средбата со новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој е во посета на земјава, истакна дека за ЗНМ е апсолутно неприфатлива идејата на Владата таа да ја регулира медиумската содржина. Според Селмани, наметнувањето парични казни за начинот на известување на новинарите покажува дека Владата сака да ја игра улогата на главен и одговорен уредник на медиумите. Претседателот на ЗНМ рекол и дека Владата досега не покажала желба за вистинска дебата со аргументи околу моделот за финансирање на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ).

Владиниот портпарол вели дека јавната дебата за законот е отворена.

„Јавната дебата во однос на измените во Законот за аудио и аудивизуелни услуги е отворена и в понеделник, на 20 ноември, ќе се одржи јавна средба на сите засегнати страни инволвирани во процесот. Основна цел на предложените измени на законското решение е да се овозможи професионализација и департизирање на регулаторното тело Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и на јавниот сервис МРТВ“, одговори Бошњаковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...