fbpx

Бошњаковски: Не постојат конфликти во Владата како што пишуваат медиумите

-

Не постојат конфликти или судири во Владата како што пишуваат медиумите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како функционира владината коалиција по различните изјави на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на Законот за јазиците.

– Во основа не постојат некои конфликти или судири како што пишуваат медиумите. Вчера имавме владина седница на која работите функционираат редовно и тековно. Како некој толкува одредени изјави, тоа сепак е во рамки на слободата на изразување. Во секој случај, работата на Владата како институција е тековно и немаме никакви проблеми -рече Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...