fbpx

Бошњаковски: Грција и Македонија го прифаќаат терминот „Македонец“ и за двете земји

-

Според договорот, Македонија и Грција го прифаќаат терминот „Македонец“ во двете земји согласно со културите на двете страни, вели портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски за грчката телевизија „Епсилон“, на прашањето дали граѓаните во Македонија ќе се нарекуваат Македонци или граѓани на Република Северна Македонија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бошњаковски објаснува дека според членот 7 од договорот, двете страни се согласни што значи терминот „Македонец за Грција и за нас, но и дека во нашите пасоши се одредува државјанството кое ќе биде заведено како „Macedonian/citizen of Republic of North Macedonia“.

– Перспективата дека во Грција постојат луѓе кои се чувствуваат како Македонци припаѓаат на еленската култура е 100 отсто прифатлив за нас. Во истиот член, грчката страна прифаќа дека постои момент кога термините „Македонец“ и „Македонија“ се прифатени за нашата култура, што е целосно различна од вашата култура. Ова е основата на договорот и јас не гледам никакви точки на конфликт – објаснува владиниот портпарол за грчката телевизија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...