fbpx

Бошњаковски: Бројчаникот на Триумфална порта го платил лично Заев

-

Бројчаникот што ноќеска беше поставен на Триумфалната порта е платен лично од премиерот Зоран Заев, а ќе профункционира наскоро, рече во одговор на новинарско прашање портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски по редовната прес-конференција.

Тој рече дека се запазени сите процедури при поставувањето на бројчаникот, а Заев како граѓанин на Република Македонија упатил барање за согласност за поставување на електронски екран и тој е набавен лично од него.

–  Се разбира дека имало постапка, процедура и документацијата е комплетна од доставувањето на барањето, одобрувањето и поставувањето. Како што е веќе информирана јавноста, ќе бидат објавувани финансиските средства кои ќе бидат враќани во Буџетот на Република Македонија, од судските процеси кои се во тек – појасни Бошњаковски.

На 22 ноември 2016 година, во предизборието за предвремените парламентарни избори (декември 2016),  Заев на партискиот митинг во скопската општина Аеродром вети дека украдените народни пари ќе бидат вратени назад на државата и дека тоа ќе го регистрира бројчаник поставен на „Порта Македонија“  во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...