This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Nov 22 5:38:21 2017 / +0000 GMT

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал




Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите на Исламска држава, пронашла толку многу оружје што ќе ѝ требаат шест дена за да го собере, соопшти бригадниот генерал на сириската војска, Хасан Сухаил, додавајќи дека поголем дел од оружјето потекнува од земји членки на НАТО.

- Ќе ни требаат најмалку шест дена за да го однесеме сето оружје што го оставија борците на ИД откако побегнаа. Има многу странско оружје – рече Сахаил.

На видеоснимката што ја објави „Прес ТВ“ се гледаат беспилотни летала, пушки од различен калибар, автомобили, разна муниција, против-тенковска муниција, радарска опрема, медицинска опрема...

https://twitter.com/PressTV/status/923088841992531968

Генерал Сухаил на новинарите им соопшти дека најголем дел од оружјето е произведено во земји членки на НАТО, односно во Велика Британија, Белгија и во САД.

Од НАТО демантираат дека ИД поседувала нивно оружје, истакнувајќи дека тие не тргуваат со терористи.

И британскиот министер за одбрана го демантираше тврдењата на сирискиот генерал, нарекувајќи ги шпекулации.
Post date: 2017-10-25 13:44:06
Post date GMT: 2017-10-25 11:44:06
Post modified date: 2017-10-25 13:44:06
Post modified date GMT: 2017-10-25 11:44:06
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com