fbpx

Борисов: Тие што ги кршат бугарските споменици ќе имаат несакани последици

-

Македонскиот премиер Емил Димитриев вчера во Виена го уверил бугарскиот колега, Бојко Борисов, дека македонските власти ќе реагираат на сквернавењето на спомен-плочата на бугарските херои на Кајмакчалан, кое го изврши новинарот Миленко Неделковски, тврди бугарската информативна веб-страница „Новините“.

– Не сакам да коментирам – изјавил Борисов за новинарите по самитот во Виена.

Сепак, Борисов предупредил дека „штом тие ги кршат бугарските споменици со чекани…, ќе имаат несакани последици“.

Порталот наведува дека Борисов мисли на македонските власти кога го користи зборот „тие“:

– Кога ќе им треба помош, нема да ја добијат. Не чекавме некој да нè замоли, туку веднаш испративме храна, вода (како одговор на августовските поплави во Скопје и во Тетово) и сите граѓани беа задоволни. Во средата владата одобри 300.000 лева (150.000 евра) финансиска помош за нив. Дали ова е тоа што го заслужуваме за нашиот братски однос? Дали тоа придонесува за нашето пријателство? Дали тоа помага во македонските интеграции во ЕУ. Утре ние ќе бидеме тие што ќе треба да гласаат за нивниот влез во ЕУ – изјавил Борисов.

Новинарот Миленко Неделковски во четвртокот се искачил на планинскиот врв Кајмакчалан и со токмак ја искрши бесправно поставената спомен-плоча посветена на бугарските борци, кои загинале на врвот за време на Првата светска војна. Неделковски на својот фејсбук-профил објави фотографии од чинот на крешењето на плочите.

Македонското Министерство за надворешни работи вчера ја повика Бугарија да ги почитува меѓународните процедури за поставување спомен-обележја.

„Очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен-обележја. Воедно, очекуваме институциите да ги обесхрабрат сите актери што нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните“, стои во реакцијата од МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...