!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Борисов телефонски му честиташе на Заев за успешното спроведување на изборите


       
Скопје/Софија, 16 октомври, 2017 - 15:46 (META) 

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со својот бугарски колега, Бојко Борисов, кој, како што соопштија од Владата, му го честитал на Заев успешното спроведување на локалните избори.

„Премиерот Борисов му го честиташе на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакна дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа на сопствената политичка волја, да го реализираат правото на учество на изборите и да го дадат својот глас за политичката опција според нивниот избор“, стои во соопштението.

Бугарија, рекол Борисов, останува и понатаму доследна на поддршката за политиките на новата Влада на Македонија, посакал успех за земјава во иницијативите во регионот и изразил надеж и очекување дека наскоро Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија.