fbpx

Борисов: Сега не е време и не ни е во интерес Бугарија да стане дел од шенген-зоната

-

Сега не е време да станеме дел од шенген-зоната и приклучувањето на нашата држава во овој простор нема да ни помогне, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

– Сите велат дека Бугарија треба веднаш да стане членка на Шенген. Но, ова не е во наш интерес во моментот. Ако, од друга страна, тие сакаат да нè земат, ние со задоволство ќе прифатиме членство. Со години си играат со Бугарија. Сега ни требаат помалку игри и нема лесно да донесеме одлука за Шенген – рече Борисов.

Тој додаде и дека на 6 октомври, Бугарија ќе основа Европска гранична полиција.

– Ова ново тело, Европска гранична и крајбрежна стража, ќе почне со работа следниот месец со 1.500 вработени на неопределено време. „Гулаб писмоносец“ ѝ донесе на Бугарија 160 милиони евра – кажа Борисов во обраќањето до новинарите.

Европската комисија ќе обезбеди 160 милиони евра на Бугарија за да се справи со мигрантите со граничната полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...