fbpx

Борисов: Не смееме да ја заборавиме трагичната судбина на жртвите на холокаустот

-

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на денешното одбележување во дворот на Тутунскиот комбинат во Скопје на 75-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка, порача дека балканските политичари мора да работат заеднички за подобра иднина на граѓаните и дека не смее да дозволат повеќе да се случуваат такви трагедии како холокаустот.

– Да извлечеме заклучоци и да сфатиме дека на Балканот треба да градиме, да работиме заедно, да одиме кон подобро уредување и народите да ни живеат среќно, а сето тоа да остане во историјата. Ако, не дај Боже, повторно дозволиме слични настани, тогаш сме глупави. И ние, сегашните политичари, имаме одговорност. Не сме ги заборавиле, слава им, и затоа дојдовме заедно со македонскиот народ да жалиме за тие што не успеале да се извлечат живи од нацистичката машина. Денес ние сме должни да не ја заборавиме трагичната судбина на жртвите на холокаустот и за бидеме сигурни дека вакви настани никогаш повеќе нема да се повторат – рече Борисов.

Бугарија честопати досега во Македонија беше обвинувана за организација на депортацијата на Евреите од ова подрачје во логорите на смртта. Во обраќањето, бугарскиот премиер посочи дека во синагогата во Софија организирале чествување на кое била искажана длабока почит кон бугарскиот народ, црква, интелектуалци и општественици кои во тие, како што рече, можеби најсурови времиња, успеале да спасат 48.000 Евреи.

Тој, заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, потпретседателот на Владата на Романија, Ана Бирчал и министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, како и други високи гости од земјата и странство, на почетокот од програмата на комеморацијата учествуваа во Маршот на живите од локацијата на поранешната железничка станица во Скопје до некогашниот Монопол, кој бил собирен центар за македонските Евреи, од каде со вагони се транспортирани во Треблинка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...