fbpx

Борисов: Ќе беше предавство со фанфари и почести да го пречекам Иванов

-

Ќе беше предавство доколку по она за што прочитав вчера, по средбата од 120 секунди меѓу премиерот Заев, министерот за надворешни работи и претседателот Иванов, него денеска да го пречекам со фанфари и почести. Затоа проценив дека денеска не е моментот, рече во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на новинарски прашања за одбивањето да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој од денеска е во дводневна посета на Бугарија. Борисов порача и дека претседателот Румен Радев не можел да постапи како него, оти Иванов дошол како гостин на претседателот.

И вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева ја откажа средбата со Иванов закажана за утре во Софија.

Бугарскиот премиер рече и дека и на Иванов, за кого рече дека му изразува почит, му е јасно дека Бугарија и посакува само добро на Македонија.

– Кон претседателот Ѓорге Иванов секогаш сум се однесувал со огромна почит. Претседателот Иванов одлично знае дека единственото што го посакуваме за Македонија е европска интеграција, влегување во ЕУ и НАТО, просперитет и поврзаност – дополни Борисов и откри дека при нападот на Собранието на 27 април 2017 година, првите на кого му се јавиле и претседателот Иванов и Зоран Заев и Никола Груевски, бил тој.

– Направив сè што е можно за проблемот да се реши мирно – објасни бугарскиот премиер.

Борисов порача и дека ако не се придвижи напред проблемот со името на Македонија, тој е песимист за развојот на Балканот.

– Ако прашањето за името на Македонија не се придвижи, не само што не сум оптимист, туку и ќе станам целосен песимист за равојот на Балканот. На сите им е јасно дека додека не се постигне договор за името, нема никаква шанса да мрднат напред, ниту шанса за НАТО и ЕУ – рече бугарскиот премиер.

Тој ги пофали и грчкиот и македонскиот колега.

– Независно што се социјалисти, Алексис Ципрас и Зоран Заев се исклучително храбри. Македонците го сакаат тој збор. Тие се смели премиери од за мене противничкото политичко семејство. Но тие ја имаат целата моја поткрепа за напорите и ризиците што ги преземаат. Тоа се непопуларни, тешки решенија и за двата народа – порача Борисов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...