fbpx

Борисов и МНР го поздравија ратификувањето на Договорот за добрососедство

-

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов и бугарското министерство за надворешни работи попладнево го поздравија ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија во македонското Собрание денеска.

Борисов се обрати преку својот фејсбук-профил од Азербејџан, каде што е во официјална посета.

„Го поздравувам парламентот на Република Македонија, кој денеска го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Со тоа покажаа дека желбата да изградиме модерни, европски односи на пријателство и доверба е заедничка“, напиша бугарскиот премиер.

Во своето обраќање преку официјалната веб-страница, бугарското МНР порача дека Бугарија и понатаму активно ќе ја поддржува европската интеграција на Македонија.

„Со овој чин се потврдува волјата за градење добрососедски односи, кои што се важен елемент од европската перспектива на сите држави од Западен Балкан. Република Бугарија ќе продолжи да биде активна во поддршката за европската интеграција на Република Македонија. Тоа е стратегиски избори на нашата држава, втемелен и во приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“, се вели во пораката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...