fbpx

„Бомбите“ се вратија, „ОМД Нетворк“ и претходно блокирала видеа на СДСМ

-

„Бомбите“ на каналот на СДСМ на „Јутјуб“ се повторно достапни од попладнево. Од партијата за „Мета“ рекоа дека „ОМД Нетворк“ бил корисникот што ги блокираше и претходно видеозаписите на СДСМ, но тоа траело кратко.

– Ова не е првпат ОМД да блокира наши видеоснимки, го правеле тоа и порано, само што сега првпат јавноста беше алармирана за тоа – вели неофицијален извор од СДСМ за „Мета“.

На каналот на СДСМ на „Јутјуб“ вчера беа блокирани 17 „бомби“.

Постапката за одблокирање е истата како и во досегашните случаи кога биле блокирани видеоснимки на партијата – преку стандарден формулар се поднесува приговор со аргументација дека станува збор за видеозаписи создадени од партијата, по што „Јутјуб“ веднаш ги прави повторно достапни за јавноста, вели нашиот соговорник.

„Бомбите“ потоа би можеле да бидат повторно блокирани само ако „ОМД Нетворк“ во нова жалба приложи цврсти докази.

Инаку, овој корисник досега барал да се отстранат видеозаписи и снимки на „Нова ТВ“ од „Шарената револуција“ и од студентските протести објавени на „Јутјуб“, извести вчера „Нова ТВ“. Но, идентично на ситуацијата со „бомбите“, видеозаписите набргу биле вратени.

Сите „бомби“ може да се најдат и на „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...