fbpx

„Бомбите“ на СДСМ ги отстранил корисникот што ги блокирал и видеата од „Шарената револуција“

-

Седумнаесетте „бомби“ избришани од официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ биле отстранети по пријава од „ОМД Нетворк“, истиот корисник што претходно бараше да се отстранат видеозаписи и снимки на „Нова ТВ“ од „Шарената револуција“ и од студентските протести објавени на „Јутјуб“, пишува  „Нова ТВ“. Сепак, како што нагласува, по аргументација испратена до „Јутјуб“, видеоснимките биле вратени.

„ОМД Нетворк“ е истиот корисник што досега редовно ги пријавува и видеата на „Нова“. Досега оваа мрежа успеа да блокира неколку видеа на Нова од студентските протести и од „Шарената револуција“, како и прес-конференции на Специјалното јавно обвинителство. По аргументациите, „Јутјуб“ ги враќаше видеата назад“, пишува порталот.

Од каналот на СДСМ се отстранети „бомбите“ за смртта на Никола Младенов, разговорот во кој, според СДСМ, се слуша дека Сашо Мијалков стои зад фирмата СГС, „бомбата“ во која, според СДСМ, се слушаат Груевски и Али Ахмети како договараат закон за бранители, за што подоцна „Викиликс“ објави документ, потоа за плацевите кои, според СДСМ, Груевски си ги купил на Водно, разговори за кои СДСМ обвини дека се слуша како ВМРО-ДПМНЕ мести избори, прислушува новинари и уште многу други.

На „Јутјуб“ сè уште се наоѓаат видеоснимките од  Заев и Груевски во кабинетот на премиерот, тајно сниманите видеозаписи на кои, наводно, Заев бара поткуп од бизнисмен, како и снимките од Љубе Бошкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...