fbpx

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Триста“ на СЈО, пресече Апелација

-

Прислушуваните разговори ќе се користат како доказ во судската постапка за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинет е помошникот-министер во МВР, Ѓоко Поповски, одлучил Апелацискиот суд.

Оттаму денеска соопштија дека Кривичниот совет на судот во понеделникот оваа недела одржал седница, по која донел одлука да ја уважи жалбата на СЈО и да го преиначи решението на Основниот суд Скопје 1 со кое прислушуваните разговори биле издвоени од материјалите за предметот, со образложение дека станува збор за доказ прибавен на незаконски начин.

Апелацискиот суд во образложението на одлуката навел дека конкретниот аудиозапис од телефонски контакт „претставува доказ прибавен на законит начин и како таков може да се користи како доказ во кривичната постапка“.

Станува збор за втора одлука на Апелацискиот суд со која се овозможува „бомбите“ да се користат како доказ во судска постапка. Претходно судот го прифати барањето на СЈО прислушуваните разговори да се користат како доказ во постапката за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година – во јавноста познат како „Шамари“, а во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Инаку, во случајот „Триста“, обвинетиот се товари дека со набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра, бидејќи тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на компании кои не дале најевтина понуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...