fbpx

„Бомбата“ на Заев ќе била во меѓуетничките односи

-

„Бомбата“ со аргументи и со докази што ја има СДСМ против Груевски чепка во меѓуетничките односи, најави на вечерашната трибина во Битола лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Според него, ако опозицијата не излезеше на последните парламентарни избори, не ќе можеше да ги собере сите тие докази и аргументи што би ја срушиле власта за три дена.

– Во моментот кога тоа ќе се објави, Груевски за три дена треба да замине од власт со оставка. Но, за жал, честа на Македонија ќе биде повредена. И, лично верувам дека ќе допре до сензибилитетот на меѓуетничките односи – рече лидерот на СДСМ, Заев, пред битолчани.

За него, нашиот народ е гладен за афери бидејќи знае колку е „забегана“ оваа власт. Тој рече и дека народот мора да ги дознае доказите против власта .

– Аргументите и доказите што постојат во рацете на опозицијата ќе бидат многу прецизно и во соодветно време обелоденети во јавноста. Вистината мора да ја знаат сите. Но, се надеваме дека тоа ќе биде на најбезболниот начин за нашата Македонија. И, ве уверувам дека мојата верба во доказите е толку голема и толку силна што го ставам во залог мојот политички кредибилитет и кредибилитетот на раковоството на СДСМ. Ако не успееме, политички не заслужуваме да ја водиме опозицијата – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...