fbpx

Бомбашки напад во сирискиот град Азаз, 43 загинати

-

Најмалку 43 лица денеска загинаа во бомбашки напад во сирискиот град Азаз, во близина на границата со Турција, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Нападот бил извршен со автомобил бомба пред зграда на судот, каде се наоѓа и пазар. Повеќето од загинатите се цивили, а повредени се и десетици други лица.

Според податоците на Опсерваторијата, меѓу жртвите има и шест бунтовници.

Минатата година во номеври, 25 лица загинаа во напад во Азаз, кој се наоѓа под контрола на сириските бунтовници во провинцијата Алепо. Бунтовниците тогаш за нападот ја обвинија Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...