!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Бомбашки напад во Багдад, 12 загинати и 50 повредени


       
Багдад, 8 јануари, 2017 - 10:52 (META) 

Најмалку 12 лица загинаа, а 50 се повредени откако автомобил бомба експлодира на пазар во источниот багдадски кварт Јамила, претежно населен со шиити.

Портпаролот на ирачкото министерство за внатрешни работи изјави дека полицаец го забележал напаѓачот и отворил оган, но не успеал да го спречи нападот.

Меѓу жртвите најмалку шестмина се цивили, а сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот.