fbpx

Бомбаш самоубиец совладан во Брисел

-

Белгиската војска неутрализирала личност која носела појас со експлозив на главната железничка станица во Брисел. Медиумите пренесуваат дека полицијата стрелала кон мажот со експлозив и дека одекнала и помала експлозија на станицата, која е веднаш евакуирана.

– Се случи инцидент на централната станица. Личноста носела експлозив околу појасот. Војниците успеаја да ја неутрализираат личноста – изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата го евакуирала и главниот плоштад во Брисел и ја блокирала областа кај централната станица.

Портпаролот на пожарната служба, Пјер Меј, потврди дека се случила некаква експлозија на централната станица.

Белгиското обвинителство соопшти дека експлозијата што на железничката станица во Брисел ја предизвикал маж се третира како терористички напад.

Полициската единица за борба против тероризмот ги истражува мотивите на бомбашот самоубиец, кој бил убиен од војниците што ја чуваат железничката станица во Брисел.

Очевидците наведуваат дека прво во зградата на станицата експлодирал куфер, по што војниците го совладале мажот кој носел експлозив. Тие тврдат дека осомничениот извикувал „Алах е голем“.

Во инцидентот не се повредени граѓани или припадници на војската.

https://twitter.com/RomanPable/status/877243181863235584

https://www.youtube.com/watch?v=cu0ON0vzWhQ

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...