Богоевски: За прв пат имаме шанса сами да одлучуваме за иднината


       
Скопје, 7 август, 2018 - 14:29 (META) 

Пратеникот од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата, Павле Богоевски денеска ги повика граѓаните „заедно, храбро и посветено, да учествуваме во обезбедувањето на иднината на нашата држава.“

„За прв пат, имаме шанса, навистина сами да одлучуваме за сопствената иднината. Со прифаќање на Преспанскиот договор ние ги прифаќаме и неговите придобивки. Со овој Договор, македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен еднаш-засекогаш. Јазикот е обезбеден и признаен во својата изворна форма без никакви фусноти, придавки или додавки. Нашето државјанство е македонско, сега и во иднина, а државните симболи како што се химната, знамето и грбот нема да се менуваат“, рече Богоевски.

Тој порача „на 30 септември, храбро, масовно и достоинствено да кажеме „да“ за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор.“