fbpx

Бочварски: Граѓаните останаа без превоз поради неодговорноста на власта

-

Целиот железнички сообраќај веќе трет ден е во прекин поради несовесната власт, која ги остави вработените во „Македонски железници“ без плати, а граѓаните без превоз, изјави на прес-конференција претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски.

– Многу граѓани кои платиле месечни билети за воз не можат да стигнат на своето работно место. Дел од граѓаните не се информирани за штрајкот, па не стигнале навреме на работа, а повеќето биле принудени да прават дополнителни трошоци за да плаќаат автобуски билети. Вработените во „Македонски железници“ повторно се принудени преку штрајк да ги бараат своите чесно заработени плати. Семејствата на овие луѓе се оставени без егзистенција – изјави Бочварски.

Тој побара веднаш да се исплатат платите на вработените.

– Платите во јавното претпријатие постојано доцнат, а раководството на власта во заминување не наоѓа трајно решение. Моментално, вработените во „Македонски железници – Инфраструктура“ ја бараат втората половина од платата за декември, а вработените во „Македонски железници -Транспорт“ ја чекаат јануарската плата. Требаше да се случи штрајкот за да стигнат најавите за исплата на половина плата, но кој ќе ги плати штетите од тридневниот застој на возовите – додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...